Бронде: Најнов тренд на боење на косата во претстојната сезона

Понеделник, 07 Септември 2020 22:00

Kaia Gerber и Kate Middleton ја најавија новата хит боја за претстојната сезона - бронде!

Бронде е техника на бојадисување кај која добиените нијанси се помеѓу бринета и блондинка, од таму и називот на овој стил (фузија на два збора “brown and blond”). Измислен пред неколку години, меѓутоа во сенка на мегапопуларното омбре се досега, но се чини дојде времето да го преземе тронот во следната сезона. 

Оваа техника нуди избор на варијации според вкусот и желбите, меѓутоа главниот препознатлив белег е краен резултат на коса која делува природно, коса бакната од сонцето, коса која дава топлина во претстојните ладни месеци. Посакуваниот изглед е комбинација на ладни и топли тонови, кои во исто време совршено се прилагодуваат на различни бои на кожа и очи, и токму поради таа лесна прилагодливост наиде на одличен прием и популарност кај сите возрасти и профили на личности, и е лесна за комбинирање со разни бои на кармин или сенки за очи. 

За пионир на овој тренд се смета Блејк Лајвли, а подоцна овој тренд го пробаа и Кара Делевињ, Џенифер Лопез, Џесика Алба и многу други лица од светската сцена кои веќе експериментираа со овој начин на стилизирање, па доколку сакате да бидете во чекор со најактуелните случувања на модната сцена, применете го овој новитет и заблескајте во есента со коса која го крие сонцето во своите прамени. Само бидете внимателни, бидејќи треба да создадете впечаток дека оваа боја на коса сте ја постигнале по природен пат со помош на сончевите зраци, а не фризер, односно треба да делувате како туку што да сте се вратиле од некој егзотичен остров, а не од фризерски салон. 

Bronde hairBronde hairБронде техникаБронде техникаBronde hairBronde hair

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 16:16 - Наскоро ќе ти прати порака