Подгответе домашно Калифорниско суши за 15 минути

Петок, 04 Септември 2020 21:00

Сушито е несомнено едно од најпопуларните и најприфатени јадења ширум светот. Закуската што ви ја претставуваме е направена од крцкави краставички инспирирана од популарен, но не толку традиционален вид на суши.

Суши

California maki се роловани и полнети со месо од ракчиња, краставици и авокадо. 

Во далечните 1970-тите години, во Golden State започнале со подготовка на овој специјалитет, но не е откриено кој е “виновникот” за вакво прекрасно дело од храна. Најверојатно неколку готвачи од Лос Анџелес се заслужни за ова, но еден готвач од Ванкувер тврди дека тој е всушност иноваторот. Како и да е, наиде на одличен прием кај консументите, и е популарен избор на јадење и денес.

Повеќе од очигледно е дека овој рецепт ни малку не наликува на класичните суши рецепти. Доста се користи мајонез, Sriracha (многу лут сос од пиперки), жолт кромид, сок од лимон (за да го задржи авокадото убаво и светло). Доколку имате во вашите кујни Furikake (сув јапонски зачин), тогаш добра идеја е да попрскате одозгора, како последен гарнир и за уште подобар вкус.

Време на подготовка:

15 минути

Потребни состојки:

  • 1 авокадо
  • сок од 1 лимон
  • 1 голема краставица, исечена во т.н.монети
  • 60г мајонез
  • 2 лажици Срирача сос
  • 3 главици жолт кромид, тенко исечени (плус повеќе за гарнир)
  • 250г ракчиња
  • Семе од бел сусам, за декорација
  • Соја сос за сервирање

Начин на подготовка:

Исечкајте го авокадото на тенки парчиња, а потоа додадете ги парчињата во сок од лимон. Врз секое парче краставица ставете авокадо и можете да ги зачините со црн пипер или сол по ваша желба.

Во сад со средна големина измешајте ги ракчињата, мајонезот, Sriracha сос и кромидот. Сето тоа зачинете го со бибер или сол, а можете да исцедите повеќе лимонов сок доколку сакате. 

На крај, на секоја краставичка со мала лажичка посипете од мешавината. Потоа посипете со семе од сусам. Сервирајте со сос од соја. 

Насоки за исхрана (по порција):

  • Калории: 2575
  • Вкупно масти: 31 г.
  • Заситени масти: 5 г.
  • Незаситен масти: 14 g
  • Холестерол: 42 мг
  • Натриум: 1,058 mg
  • Јаглехидрати: 512 g
  • Диетални влакна: 24 г.
  • Протеини: 55 g

Уживајте во закуската!