Обетките се детали кои никогаш нема да излезат од мода.
Колку и да се менува модата со текот на годините и да се разликуваат стиловите низ времето, на модерната жена секогаш ќе и требаат тие мали детали за да го комплетира својот изглед. Без разлика дали сакате минималистички или гламурозни варијанти, обетките се оние што ја комплетираат сликата за вас. Нашата тема денес е специфична. Овие не се толку класични обетки, туку припаѓаат на таканаречениот пирсинг, кој е актуелен тренд кај познатите блогерки одреден период, а по се изгледа ќе го задржи трендот и во следните сезони.
Можеби мислите дека пирсингот е одраз само на бунтовен карактер, но дури и пред таквата етикета, овој начин на украсување на телото беше присутен. Исто така, можеби ви се чини дека жичените обетки се попригодни за помладите генерации, а всушност станува збор само за начинот на кој го носите вашиот накит, годините не играат голема улога.
Доколку направите прав избор и ги прилагодите на својот стил, ваквите обетки во голема мера можат да придонесат за попривлечен изглед. Не станува збор за класичен двоен пирсинг, туку за троен и повеќе. Многу познати личности како Кајли Џенер, Скарлет Јохансон и Џенифер Лоренс веќе во голема мера доминираат на сцената со овие украси.
Најпопуларните опции за низирање на пирсинг на ушите се во горниот и средниот дел. Тие обично се изведуваат на еднакви растојанија за да се создаде убава симетрија. Во повеќето случаи, бројот на обетки е непарен и се движи од најмалку три до 9, па дури и 11 парчиња. Интересното е што нудат неограничен број на варијанти како може да ги комбинирате. Можете да поврзете куки и ситни игли или да изберете само една од овие две варијанти. Постојат и малку посложени примероци кои придонесуваат за уште попредизвикувачки изглед, кој сигурно нема да помине незабележан. Ќе бидете препознатливи во својот единствен специфичен изглед, кој оддава карактер на јака личност со добро изграден стил која знае што сака во животот, и не се плаши да го постигне тоа.
Би било препорачливо да изберете еден стил пред да започнете со оваа авантура, бидејќи е доста тешко да се постават обетки од различни материјали, бои и стилови. Изберете исклучиво минималистички или ретро, оние со исти скапоцени камења, иста златна или сребрена боја. Овие обетки треба да бидат дел од истата приказна, а никако спротивности без заедничка нишка.
View this post on Instagram