Совети од професионален фотограф со кои ќе направите одлични фотографии од вашето летување

Недела, 16 Август 2020 10:00

Во сезоната на летни одмори, сите брзаме кон туристичките дестинации во надеж и очекување на убав помин. Не е ни чудо што летните авантури и доживувања сакаме да ги зачуваме уште долго со нас, и да не греат спомените во ладните ноќи. Затоа се трудиме да направиме што поатрактивни фотографии, дел за себе, дел за споделување на социјалните мрежи. Кога доаѓаме до тој дел, обезбедивме за вас трик совети за брзо, лесно и без предзнаење да успеете да извлечете максимум за вашиот летен фото споменар. 

Не ги позиционирајте големите објекти во фокусот и пред вашето тело на фотографијата, визуелно ве пресекуваат и скратуваат. Наместо тоа, навалете ги настрана. Тоа ви овозможува да сокриете одреден дел од телото доколку сакате, и истовремено вашиот струк да изгледа потесен. 

Доколку позирате близу базен, избегнувајте ги острите прави линии. Запомнете, спојувањето на вашите нозе една до друга е лошо идеја. Најдобра варијанта е благо да ја подигнете ногата која што е подалеку од камерата. 

Кога некој ве слика со целосна фигура, пробајте да ја избегнете позицијата 'војник'. Така телото ги губи своите облини, и делува рамно. Доколку застанете полусвртени, телото изгледа многу поженствено. Можете да ја допрете косата или да се наслоните на нешто, за да ви бидат зафатени рацете. 

Не ги заборавајте модните додатоци. Може да ви бидат од голема помош да сокрите или потенцирате било кој дел од телото сакате. 

Доколку сакате фотографија во лежечка позиција на простирка или лежалка, најдобро е да не ви е лицето во преден план, така визуелно нозете делуваат пократки. Најдобро е да сте со нозете кон камерата, со благо подигната нога која е во преден план.

Не позирајте во полуседечка положба, на сликите може да изгледа како да имате непосакувани набори на стомакот, струкот или рацете. За да постигнете изглед на тонирано тело, легнете на грб и истегнете го телото, како кога би правеле стомачни. 

Секогаш внимавајте на држењето на своето тело, затоа што наведната и згрбавена фигура може да ја уништи и најубавата фотографија. За да истакнете женските атрибути, најубаво додека се сликата да стоите подигнати на прсти. Задникот ќе делува позатегнат, и нозете помускулести. 

Доколку сакате спомен во седната позиција, никогаш не ги местете колената директно кон објективот, ќе изгледаат многу помасивно отколку што навистина се. Подобра опција е да седнете странично и да ги подигнете нозете како би добиле ефект на тенок струк. 

Доколку не можете да се пофалите со вашите стомачни мускули, следниов трик совет ќе ви биде од голема корист. Најдобро доколку сте во вода до половина која ќе ги скрие вашите проблематични зони. Исто така, пробајте да го издолжите вратот колку можете, и избегнете да ја потпирате главата на рамена, лицето ќе делува многу поголемо во однос на долниот дел од телото, и ќе делувате непропорционално. 

Кога некој пробува да ве фотографира во портрет, бидете сигурни да не е застанат над вас. Вака ќе добиете лут израз на лицето, и нема да се гледа вратот на фотографиите. Побарајте да се наведне, и да дојде во иста висина со вас, и подигнете ги рамената за да делувате женствено истакнувајќи ги клучните коски.

Во магазините и на телевизиските екрани, девојките со мокра коса секогаш изгледаат привлечно и атрактивно. Но, голем удел во тоа има професионалната обработка на фотографиите. Во реалноста, мократа коса изгледа немиено, и ушите делуваат големи. Затоа најдобро е да позирата кога вашата коса е сува, или полумокра, така ќе добиете повеќе волумен. 

За да изгледате одлично на фотографии, мора да го запомните правилото за асиметрија. Пример, навалете се со ногата и спротивната рака. Така фотографијата личи природно и повесело.