Наскоро нè очекува редок небесен феномен за „Ноќта на вештерките“

Сабота, 26 Септември 2020 22:10

Иако има уште неколку месеци до крајот, оваа година дефинитивно беше полна со неизвесност и малку луди сценарија за кои сигурно не би поверувале ако некој порано ни кажеше што ќе се случи. Но, покрај сè лошо што ни се случи во 2020 година, оваа година ќе ја паметиме и по еден редок природен феномен, кој наскоро ќе имаме можност да го видиме!

На „Ноќта на вештерките“, на 31 октомври, небото ќе биде осветлено од Сина месечина. Тоа е редок природен феномен што може да се види на секои две до три години. Иако самото име на овој феномен алудира на фактот дека Месечината добива малку поинаква, сина боја, таа всушност е полна месечина која станува повидлива, бидејќи нејзината орбита е поблиску до Земјата од вообичаеното, па затоа изгледа многу поголема и посветла. Овој феномен е прилично редок и последен пат е забележан во август 2012 година, а ќе можеме повторно да уживаме во наредните денови, кога ќе се појават две полни месечини за еден календарски месец, што ќе се случи на 1 и 31 октомври.

Историски гледано, терминот „Сина месечина“ е поврзан со необјасниви настани, како што е ерупцијата на вулканот Кракатоа во 1883 година. Тоа предизвика цел остров едноставно да исчезне, а вулканските честички предизвикаа појава на овој феномен ширум светот. Исто така оваа година ќе ја одбележи уште една ретка појава во која годината ќе има вкупно 13 полни месечини, додека всушност стандардната норма е само 12. Се чини дека оваа година не планира да запре со своите изненадувања!