Како да изгледате професионално на видео состанок

Петок, 31 Јули 2020 20:15

Со почетокот на глобалната пандемија Ковид-19, значително се променија секојдневните активности и работни обврски. Одеднаш, работењето од дома и користењето видео состаноци стана нормално. Но, и покрај тоа што работите од дома, вложувате максимални напори за да се претставите најдобро што можете и да изгледате професионално.

Еве неколку работи кои можете да ги направите за да изгледате најдобро на вашиот следен состанок.

Осветлување

Еден од најважните фактори за да добиете убава слика на екранот е да ја одредите соодветната светлина во просторијата во која се наоѓате. Лошото осветлување може комплетно да ве засени или да ве направи премногу бледи. Избегнете ја светлината која доаѓа зад вас. Таа може само да создаде темна силуета, или пак да направи сенки на лицето кои само ќе направат да изгледате уморно. Обидете се максимално да ја искористите природната светлина внимавајќи да не блеска директно во вас.

Позадина

Секако дека прилагодувањето на светлината не е единствен фактор на кој треба да внимавате. Ако имате редовни состаноци, определете одредена просторија во вашиот дом каде и просторот зад вас кој е видлив за останатите луѓе преку камерата ќе биде соодветен.

Камера

Позиционирањето на камерата е начин на кој можете да ја определите површината која ја опфаќате зад вас. Поставете ја од соодветен агол и висина. Потрудете се да не го опфатите непотребниот простор или пак да бидете премногу блиску до камерата.

Озвучување

Непотребните гласови, шумови и звуци кои можат да се слушнат на состанок никогаш не се посакувани. Начинот на кој звучите е многу важен. За да не звучите премногу гласно или премногу тивко, употребете слушалки и ќе можете да го прилагодите микрофонот. Со тоа можете да постигнете голема разлика и да звучите многу подобро.

Изглед

Како и обично, сакате да изгледате средено на вашиот состанок без разлика дали се одвива во канцеларија или преку видео. И покрај тоа што работите во домашни услови изберете пристојна и соодветна облека. Можете одлично да изгледате и без да вложувате големи напори.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Петок - 01:01 - Те сака само тебе