Во сезона на годишни одмори, главниот акцент го ставаме на костимите за капење. Американската дизајнерка Mara Hoffman ова лето го препушта изборот меѓу едноделни модели или бикини, но задолжително со впечатливи детали, употреба на интезивен микс на бои во кои преовладува пурпурно виолетовата, цветови во сите форми и контрасти.
Доколку сакате да бидете препознатливи на плажа Mara советува визуелен шок, но кој сепак изгледа крајно носливо и привлечно со графички шари и форми, јасни изрази и цветен дезен.