Прегратки, бакнежи, гушкање, скокање - сите овие начини ги користиме за да оствариме контакт со нашето бебе.
Доаѓањето на бебе во куќата е голема работа за секој родител. Многумина од нас не знаеа што да очекуваат, сè додека тоа мало суштество за прв пат не ги погледна, за прв пат не им се насмевна и ги изговори своите први звуци, кои секако веднаш ги толкувавме како „мама“ или „тато“, иако тие беа далеку од тоа.
За да остварите контакт со вашето бебе, треба да му се посветите целосно, да го слушате, да го запознаете и да го пронајдете најдобриот начин да се приближите до него. Секое бебе е приказна за себе. Но, она што секој од нив има заедничко е дека сакаат внимание и љубов на своите родители колку што е можно и што е можно почесто. Поврзувањето со бебето е важно според најновите истражувања, пред се заради создавање чувство на доверба и безбедност во себе, особено значајн во понатамошниот период на растење.
Психолозите тврдат дека нашата способност да сакаме, да се грижиме за другите и ефикасно да ги решиме несогласувањата, произлегува првенствено од односот што сме го имале со родителите како бебиња. Огромното мнозинство на деца кои биле запоставени од нивните родители како бебиња имаат психолошки проблеми. Покрај тоа, нежноста што само родителите можат да им ја дадат на бебињата, во голема мера придонесува за зачувување на нивното здравје. Децата кои имаат здрав однос со своите родители страдаат помалку од стрес, немаат проблеми со дебелина, несоница или меѓучовечки односи.
Доколку ве интересираат сите начини на кои можете да се поврзете со вашето бебе, еве неколку практични совети:
- Доете го своето бебе доколку сте во можност - Не станува збор само за исхрана. Бебето во рацете на мајка си за време на доењето чувствува чувство на допир, мирис, чукање на срцето и се сеќава на времето поминато во матката, што е многу важно.
- Гледајте го бебето во очи кога ќе го храните со шишенце - Вака бебето полека почнува да ве гледа како важна личност во неговиот живот и добива идеја за тоа кои сте навистина.
- Масирајте го своето бебе - Педијатарот сигурно ќе ви каже дека ова е многу добро за бебето, но не и зошто. Пред се, станува збор за физички контакт што го обожаваат бебињата. Придобивките од масажата се неверојатни, а вие ќе бидете супер-херој во очите на вашето бебе.
- Оставете го телефонот настрана - Ако никогаш порано, ова е вистинско време да го направите тоа. Го имате на располагање целиот мал свет. Одговорите на пораките и повиците од колегите, пријателите и семејството можат да чекаат. Ќе ве разберат.
- Гледајте се заедно во огледалото - вашето бебе ќе биде изненадено и од своето лице и од вашето, двојно. Тоа не е во состојба да го сфати поимот рефлексија, но е фасцинирано од карактеристиките на вашето и своето лице.
- Слушајте ги отчукувањата на срцето - Запомнете дека тоа беше вашиот омилен звук на светот кога за прв пат го слушнавте.
- Спијте во исто време со вашето бебе - Веројатно сте слушнале безброј пати, но навистина само одморен родител е добар родител. Валканите садови и купот алишта нема да избегаат никаде.
- Одговорете на плачот на бебето - Точно е, искусните родители ќе ви кажат дека не им обрнувале внимание на своите деца секој пат кога плачеле, но реалноста е далеку од тоа. Во првите три месеци од животот на бебето, тоа мора да знае дека сте таму за него. Држете го толку долго и тоа нема да треба повеќе да ве проверува дали сте тука.