Не е тајна дека стапката на невработеност во многу земји останува висока. Во овој поглед, многу апликации и системи можат да ви помогнат. Кога се наоѓате без работа, задача број еден на листата „што треба да направам“ е јасна: барате нова работа. LinkedIn е нешто што веројатно сте го чуле претходно, но дали знаете како да ги користите неговите придобивки за да најдете соодветно вработување?
Денес ќе ве упатиме како да креирате атрактивен профил на LinkedIn, врз основа на кој идниот работодавец ќе ве контактира.
Прилагодете го вашето барање за работа
Ваша задача е да го филтрирате пребарувањето по функција, работа, име, индустрија, како и да додадете клучни фази како што се „работа од дома“ или „канцеларија / надворешен соработник“. Имајте на ум дека менаџерите одговорни за вработување најголем број огласи за работни места објавуваат во понеделник, и дефинитивно не треба да ја прескокнувате опцијата „известување за работа“ што ви е понудена.
Побарајте препорака
Исто како што идниот работодавец ќе побара препорака за вас, така и вие, меѓу луѓето со кои претходно сте се поврзале на LinkedIn, сигурно може да најдете некој кој веќе работи за компанијата каде сакате да аплицирате. Имајте на ум дека LinkedIn не е имун на „спам“ и лажни огласи.
Истакнете дека во моментов сте невработени
Постојат две опции кои ги имате тука. Ако сте невработени, можете да го потенцирате ова или да го оставите ова поле непроверено. Ова ги зголемува вашите шанси ако менаџерите на различни компании ве бараат во опцијата „тековно вработени“. Меѓутоа, ако сакате да им стане јасно на потенцијалните работодавци дека сте слободни, треба да изберете опција „во потрага по нова работа“. За да бидете “привлечни“ на LinkedIn, мора вашиот профил да биде “свртен кон клиентот“.
Следете ги компаниите што ве интересираат
Ако сте пронашле компанија која ве интересира и сакате да станете дел од неа, важно е да следите сè што објавува на LinkedIn. На овој начин, ќе бидете први кои ќе откриете дека одредено место е испразнето и дека имате можност да аплицирате.
Како да го подобрите сопствениот профил
- Не заборавајте да ставите ваша фотографија во биографијата. Профилите со фотографии добиваат 14 пати повеќе шанса да бидат контактирани и да ја добијат работата што ја сакаат. Осигурете се дека фотографијата е вашиот деловен портрет
- Опишете се јасно и гласно. На самиот почеток на вашиот профил е делот „за мене“, а всушност е најгледаниот дел од вашиот профил. Треба редовно да го ажурирате и да се претставите во реално светло. Само 40 зборови, или уште помалку, се доволни некој да добие јасна слика за тоа кои сте.
- Ажурирајте го списокот на вештини. Ова е важна област на која менаџерите обрнуваат внимание, затоа што се користи да се процени што знаете да направите. На LinkedIn постои алатка за проценка на вештини која можете да ја користите за да ги потврдите вашите способности и да покажете дека ги исполнувате барањата за работата.
- Осигурете се дека работодавците можат да ве најдат. Ова може да биде незгодна ситуација, особено ако сè уште работите. Новата функција LinkedIn „Open Candidates“ (отворен кандидат) е креирана за да им даде на менаџерите сигнал дека сте токму тоа - отворени за нови можности. Потоа ќе најдете “Jobs you may be interested in,“ па кликнете на “Update career interests”. Од менијата поставени хоризонтално одберете Jobs > Preferences и селектирајте ја опцијата "Let recruiters know you're open". Ова е возможно засега само преку десктоп верзијата, и преку апликацијата на LinkedIn.