‘Ѕирнете’ во љубовното гнездо на Џастин Бибер и Хајли Болдвин во Беверли Хилс

Вторник, 01 Септември 2020 10:00

Младиот пар, манекенката Хaјли Болдвин и пејачот Џастин Бибер издвоиле неверојатни 25,8 милиони долари за да станат сопственици на замокот кој и припаѓаше на поп дивата Мадона. Овие сопружници одлучија дека им е потребен нов дом, но не кој било, туку кој ќе ги исполнува сите нивни критериуми. Засега, нивниот избор е импозантна зграда со седум спални соби и дури 10 бањи, а се простира на 11.000 квадратни метри. Мадона десет години уживаше во шармот и раскошот на прекрасниот замок, а во 2013 година го продаде на основачот на енергетскиот пијалак Rockstar, Russell Weiner за 19,5 милиони долари, кој го префрли и го продаде година и пол подоцна за 42 милиони долари. Имотот е темелно реновиран и го содржи главниот дом плус две посебни куќи за гости, а прв сосед отспротива им е легендарниот Меџик Џонсон. Во истото елитно маало наречено Beverly Park во непосредна близина свој имот поседуваат и Sofia Vergara, Sylvester Stallone, Samuel L. Jackson, Eddie Murphy, Rod Stewart и Denzel Washington. 

Hailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin Bieber

Дворот и импозантниот имот се раскошно украсени, исто како и самиот замок. Има незаменлив базен и спа центар во тениски стил, како и тениско игралиште доколку некој сака да се занимава со овој спорт. Ако не, има и врвен фитнес центар опремен со најсовремена опрема. Внатре има два огромни апартмани и главни спални соби, две кујни, огромна трпезарија, домашно кино со 15 места како и професионален бар, а Хајли и Џастин можат да организираат забави и прослави со пријателите. Исто така, има простории за вработените кои им служат. Прекрасна патека опкружена со дрвја и разновидно зеленило доведува до француски имот во стилот на село. Постојат високи палми, но и разновидни растенија и дрвја кои го опкружуваат имотот, а нивната приватност е обезбедена во секое време.

Hailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin Bieber

Многумина коментираат дека поради мирот и изолацијата што ги обезбедува, овој дом би бил совршен за Бибер кога ќе се земат предвид неговите бројни подеми и падови, како и психичките проблеми. Џастин неодамна беше опоменат од властите за данок, а потоа се откри дека тој упорно се бори против Лајмската болест. Тој ја потврди оваа тажна вест на Инстаграм, наведувајќи дека тоа ги загрозува неговата кожа, функциите на мозокот и здравјето воопшто.

„И додека многу луѓе зборуваат за тоа како Бибер изгледа постојано несредено и не се грижи воопшто за својот изглед, тие не се свесни дека неодамна ми беше дијагностицирана Лајмска болест. И не само тоа, тоа влијаеше на мојот вид, мојата кожа, функцијата на мозокот, енергијата и целокупното здравје. Овие работи ќе бидат објаснети во документарец што наскоро ќе го објавам на YouTube. Ќе можете да дознаете со што се занимавав и се борев! Беа тешки неколку години, но со соодветна терапија што ќе ми помогне да ја надминам болеста, ќе се вратам подобар од кога било“, изјави Бибер. 

Hailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin Bieber

Инаку, Џaстин претходно има купено вреден имот подарок за сопругата Хајли. Според „Лос Анџелес Тајмс“, куќата се наоѓа во елитниот дел на Беверли Хилс и чинела осум ипол милиони долари. Бибер се одлучи за Колонијалната куќа во Монтереј, која беше темелно реновирана за да биде прилагодена на современите желби на новите станари. Вилата е обновена да биде опкружена со маслинови дрвја и не е достапна поради приватноста што ја обезбедува. Има два спални соби, седум бањи и базен во дворот. Големината е околу 600 квадратни метри кои се распоредени според специфичните барања. Внатрешноста на вилата е во светли бои, а кога станува збор за декор, доминира еко стилот. Панорамските врати на прозорците совршено го надополнуваат стилскиот простор, а на прекрасната тераса има прекрасен базен направен од црн мермер, во кој сопружниците имаат можност да уживаат. На десната страна има удобна тераса со камин, каде заљубените гулаби поминуваат романтична вечер. Во задниот дел на вилата има простор за рекреација и посебен простор за скара. Сепак, во еден момент, пејачот се двоумел дали да го продаде овој имот и тоа им го соопштил на бројните следбеници. 

„Мислам дека сакам да го продадам својот дом во Беверли Хилс, има заинтересирани? Ќе го продадам со целиот мебел. Направете понуда“, напиша Бибер на Инстаграм.

Hailey and Justin BieberHailey and Justin BieberHailey and Justin Bieber

Џастин и Хајли не сакаа да ја експонираат премногу својата љубов, па се посветија едни на други. Од кога стигна информацијата до јавноста дека манекенката и пејачот се свршиле на Бахамите и тајно се венчале во 2018 година во Њујорк, сите со нетрпение ги очекуваа деталите за овој настан.

Пејачот објави дека се оженил фотографирајќи се со сопругата држејќи се за раце и пишувајќи „Мојата сопруга е феноменална“. Хајли го смени своето презиме во Бибер на Инстаграм, што ги разочара припадничките на понежниот пол ширум планетата, но и жестоките обожаватели на Селена Гомез, поранешната девојка на Бибер.