Заштитете се од здодевните комарци со природни средства кои ги имате дома

Понеделник, 24 Август 2020 22:10

Замислете си зуење на комарец. Замислете дека тоа трае со часови. Лето е, и топло кога пробувате да ја скриете главата со прекривката која спиете. Не можете да дишете затоа што кога се покривате снемува воздух. Се откажувате од спиење, станувате и одите да го бркате злобниот непријател. Дури пред зората, сфаќате дека има повеќе од нив и дека сте потполно немоќни. Имате темни кругови под очите и пликови на вашето тело, исцрпени сте и едвај ја чекате зимата. Сите се препознаваме во ова сценарио и се сеќаваме на сите болни лета, летни одмори, излети во природа. 

Комарци

Дали знаете дека комарците имаат 10.000 пати посилно чувство за мирис од луѓето? Затоа можат да намирисаат крв во далечина до 75 метри. Поради нивното префинето чувство за мирис, мирисите можат да се поделат на атрактанти (мириси што ги привлекуваат) и репеленти (мириси кои ги одвраќаат). Последните истражувања докажале дека 20% од популацијата се поосетливи на убодите од комарци. Ако имате крвна група 0, ќе бидете вистински мамка за овие инсекти. 

Со летото, покрај убавите работи, за жал, има и помалку убави. Една од нив се комарците и колку и да ве мачат, не прибегнувајте кон токсични репеленти затоа што можат да ви направат поголема штета отколку самите комарци. Природните репеленти се целосно безопасни за здравјето и можат да бидат исто толку ефикасни како и трговските. Ние ви донесуваме начини со кои можете да ги одвратите упорните комарци од вашето тело и престој.

Босилек 

Босилек

Босилек е годишно растение со ароматичен мирис кој најчесто се користи во кујната, но е одличен во одвраќање на комарци. Постојат многу видови на босилек, затоа слободно изберете го оној што ви одговара најдобро. Многу искусни градинари препорачуваат да се обидете со лимонски босилек. За таа цел, можете да протриете неколку свежи лисја на кожата или да користите масло од босилек. Од растојание од неколку сантиметри, прскајте делови од кожата кои се изложени на каснување од комарци - голи раце, нозе, можеби и вратот. 

Јаболков оцет

Сите имаме јаболков оцет во кујната, но ретко кој знае дека тој всушност е еден од најдобрите алатки во борбата против вознемирените комарци и спречува нивни каснувања. Наутро, пред да одите некаде во природа, во близина на езеро или на кое било место каде е неизбежен рој на комарци, треба да ставите 3 лажички јаболков оцет во 2dl млака вода, промешајте и испијте. Мирисот што ќе се шири во вашето тело не може да биде регистриран од човечките сетила, туку може да го почувствуваат само инсектите. Комарците дефинитивно ќе избегнуваат да се приближат до вашата кожа следните 12 часа.

Лаванда

Есенцијалното масло од лаванда е одличен природен репелент. Разредете неколку капки за да се заштитите од комарците. Исто така, лавандата е добра за олеснување на чешањето по убод, и е толку нежна што може да се нанесе дури и на бебешка кожа неразредена. Едноставно нанесете капка, две на болното место. Покрај тоа што ги одбива комарците со својот мирис, лавандата ќе ве смири и ќе има позитивен ефект врз вашето расположение. Се што ви е потребно е празно шишенце со прскалка кое може да биде и поголемо. Наполнете го со направената смеса од 40 капки масло од лаванда и 100 мл дестилирана вода. Убаво измешајте и прскајте со него по телото и лицето пред спиење или по потреба, во текот на денот.

Еукалиптус

Резултатите од бројните студии покажуваат дека есенцијалното масло од еукалиптус во заштитата од комарци има сличен ефект како средство кое содржи пониска концентрација на diethyltoluamide (DEET). За ефективна заштита, треба да изберете производ што содржи најмалку 40 проценти есенцијално масло од еукалиптус, а исто така можете да користите чисто масло, но не треба да го нанесувате директно на кожата, туку да го разредете пред употреба, на пр. со бадемово или маслиново масло, што важи и за други 100-процентни есенцијални масла. Со нанесување на кожата се формира природна бариера која ги одбива комарците, мувите и другите инсекти.

Рузмарин

Комарците не го толерираат мирисот на рузмарин. Само ставете тегла рузмарин на прозорецот или прагот и комарците нема да влезат во просторијата, особено кога се во цут. Мирисот на рузмарин ќе биде поинтензивен ако го протресете растението, и со тоа поефикасен. Покрај тоа, лисјата од рузмарин ќе помогнат во олеснување на чешањето и воспалението од каснување од комарец. Од есенцијално масло од рузмарин можеме да направиме средство против комарци. Најдобро е да го ставате во шишенце со распрскувач и да го употребувате како спреј. 

Лук

Комарците пијат крв и, исто како и вампирите, не можат да толерираат лук. Ако не ви пречи неговиот мирис, слободно тријте лук и комарците ќе ве заобиколат во широк лак, што е погодно за бремени жени, деца и луѓе со чувствителна кожа. Покрај горенаведеното, можете да оставите и каранфилче со лук на местата каде комарците вообичаено влегуваат во вашиот дом. 

Талог кафе

Само што го испивте своето кафе? Дали знаете дека остатокот од кафето во вид на талог може да ви помогне да се борите со нервозните крвопролевачи. Само ставете го талогот на алуминиумска фолија на суво место да се исуши. Извадете го сувиот талог надвор, подалеку од деца и миленичиња, и изгорете го сè додека не почне да чади. И уверете се како комарците бегаат од мирисот на талог. 

Соино масло

Комарци

Студија објавена во The New England Journal of Medicine открива дека репелентите направени од органско масло од соја се исто толку ефикасни како оние со DEET (најчесто користена хемикалија за одвраќање на инсекти). Ова масло е ефтин и достапен начин за заштита од комарци. Има SPF 10 и совршено ја штити и навлажнува кожата. Кога купувате масло од соја задолжително проверете дали содржи ГМО. 

Невен 

Невенот е ефикасен во лекување на заболувања на кожата, но може да се користи и како природен репелент против комарци. Иако украсно растение на цветните леи во градината, ако се најдете незаштитени навечер, веднаш побрзајте во градината каде сте засадиле невен, да ги истриете цвеќињата на кожата и на тој начин да се спасите од досадните напади. 

Нане

Нането е омилена состојка во многу природни лекови. За заштита од комарци или за релаксирачка ароматична терапија, користете лисја од нане или масло. Користете го умерено и разредено, за да не ја иритирате кожата. 

Жалфија

Сварете гранчиња жалфија во вода, а потоа оставете ги да се изладат околу половина час и измијте се. Тоа би требало да ги одбие комарците од вашето лице. 

Ванила во прав

Ванилата е природно средство во борбата против комарци. Додајте две лажички ванила во една шољичка со вода, промешајте, ставете го во шише со прскалка и испрскајте ја просторијата. Ванилата ќе го прикрие мирисот на вашето тело и ќе ги задржи комарците подалеку од вас. Исто така, ванилата во прав можете да ја измешате со лосион за бебиња во размер 1:10 и да нанесете на отворените делови од кожата. 

Лимонска трева

Лимонската трева е најчеста состојка во препаратите против комарци кои се продаваат во форма на патрони за во струја или лосиони за мачкање. Често се користи во области со многу инсекти, како џунгли и мочуришта. Исто е ефикасна и против црви и инсекти кои ги уништуваат другите растенија. 

Каранфилче

Како едно од најефективните средства во борбата со комарците се смета каранфилчето, популарниот зачин чиј специфичен мирис е пријатен за човекот, но е неподнослив за инсектите. Едно чајно лажиче каранфилче ставете во сад со ладна вода, и на тивок оган оставете полека да зоврие. Почекајте да се олади, па процедете го. Со памукче нанесете од оладената смеса на отворените делови од кожата. Со неа исто така напрскајте ја облеката, или просторијата во која што престојувате. На овој начин со сигурност ќе бидете заштитени од комарците повеќе часа. 

Бор

Запалено дрво од бор испушта мирис кој ги убива и брка инсектите. Мирисот на запален бор додека гори е неподнослив за комарците бидејќи ги убива и превенира тие да се доближат до вашиот дом. Доколку немате, засадете борови дрвја во вашиот двор. 

Банана

Општо познати се благодетите на бананата за здравјето, но сигурно не знаете дека е одлична и за заштита од комарци. Во борбата со комарците, се препорачува со внатрешната кора да ги намачкате рацете и нозете. 

Миризливи свеќи 

Миризливите свеќи се природно решение за проблемите со спиењето предизвикани од досадните комарци, и повеќето од нас ги имаме дома. Интензивните мириси ги држат комарците и другите инсекти подалку, а да не спомнуваме и дека свеќата ќе направи вашата спална соба да мириса прекрасно. Сите поинтезивни мириси како рузмарин, босилок, лаванда, лимон, пеперминт или дури и еукалиптус обично се ефикасни, но, можете да изберете било кој ви се допаѓа и кој ќе ги спречи комарците да го намирисаат човечкото тело во текот на ноќта. Само внимавајте да не запалите нешто со свеќата додека спиете.

Вентилатор

Сите инсекти, вклучително комарците имаат проблем да летаат на јаки ветрови. Истото важи и за вентилаторот. Способностите на комарците за летање се многу ограничени, па вентилаторите им создаваат дополнителни проблеми. Освен што ќе се разладите, ќе ги избркате и несаканите гости. 

Носете бело

Комарците ги привлекуваат темните бои и со помош на боите тие ги лоцираат своите цели.