Креативна мајка со помош на обичен сунѓер создава ѕидни креации што мамат воздишки

Среда, 02 Септември 2020 10:00

Сунѓерот не служи само за миење садови, една креативна мајка покажа дека тој може да биде користен и како “алатка” за правење ѕидни креации.  

Natalie Dudley својата креативност и иновативност ја користи на многу паметен начин. Со еден обичен антибактериски сунѓер, таа направи ремек дело. Инаку, сунѓерот е познат како “Minky”, кој го рекламира и користи една блогерка која презентира разни начини на чистење куќа, на Инстаграм веќе позната како Mrs Hinch, а чие вистинско име е Sophie Hinchcliffe.

Sophie е жена, сопруга, мајка, која стана Инстаграм сензација откако почна да објавува видеа – туторијали за прикажување на своите домаќински вештини и трикови околу чистење на куќата. Нејзиниот омилен продукт е истиот Minky сунѓер, кој Natalie го искористи во друга намена.

Natalie се “поигра” со боја и сунѓер и направи тули кои изгледаат супер модерно. На бел ѕид, таа направи црни тули, па бидејќи многу и се допадна, на другиот ѕид направи контраст. 

Со своето ремек дело, без лажна скромност, се пофали на Фејсбук во групата DIY on a Budget.

“Свесна сум дека не е по сечиј вкус, но мене ми се допаѓа.”

Овој пост доживеа многу позитивни, мотивирачки коментари, посебно од жените кои веќе се заинтересирани за сунѓерот во доменот на домаќинството.  Исто така, дел од профилите кои коментирале на објавата се воодушевени од овој трик, па се пробудил интересот за ваков тип на обид. 

Natalie за Dаily Star откри дека бојадисувањето на ѕидовите со сунѓер не и одземало многу време, како што многумина мислат, туку само 20 минути. Дали е во прашање умешност и брзина, или стварно одзема толку малку време, треба да процените самите вие. 

„Прво обоив еден од ѕидовите во црно и направив ефект на бела тула со нежно притискање на сунѓерот врз него. Тогаш решив да го направам и ѕидот до него.”

Доколку белите ѕидови ви се веќе здодеани или доколку сакате да внесете свежина во вашиот дом тогап наместо да трошите пари на тапети или украсен камен, ви препорачуваме да го следите примерот на Natalie Dudley. 

Сè што треба да обезбедите се боја и сунѓер еден или два (во зависност колку бои ќе користите) и секако не заборавајте креативниот дух да си го “земете” со вас. 

После пофалните зборови на Sophie и креацијата на Natalie, Minky сунѓерот стана еден од најбараните продукти на eBay и Амазон.