Зошто едната страна на лицето е попривлечна од другата – објаснуваат експертите

Вторник, 17 Ноември 2020 17:00

Просечен инстаграмџија поминува над 5 часа неделно (48мин. на ден) правејќи селфиња. Обично, се прават 7 селфиња за секој „совршен кадар“ што го прикачува на своите социјални мрежи. Анука Линдел, професор по невропсихологија на универзитетот Ла Троб во Мелбурн, открива дека повеќето од нас кои правиме селфиња преферираме да ја покажеме нашата лева страна на сликите. Таа анализирала 2.000 селфиња на Инстаграм за да разбере зошто оваа страна на лицето ја доживуваме како попријатна.

Инстаграм

Истражувањето открило дека луѓето претпочитаат да ја покажуваат левата страна од лицето и кога се фотографираат себеси пред огледала. Кога позираме пред огледало и го фотографираме својот одраз, обично го покажуваме десниот образ. Додека огледалото ја превртува сликата од лево на десно, преференцата на десниот образ за селфи во огледало значи дека лицето позира со левиот образ пред огледалото.

Исто така, уметниците обично сликаат портрети кои го прикажуваат левиот профил на луѓето.

Мона Лиза

Истражувањата сугерираат дека левата страна на лицето е повеќе емотивно експресивна. Ова може да се објасни со начинот на обработка на чувствата во мозокот. Десната страна на мозокот што ги контролира мускулите од левата страна на телото доминира во емоции. Ова е причината зошто луѓето интуитивно го покажуваат левиот образ кога позираат за фотографија.

Бијонсе