Нова колекција Барби кукли со протеза, без коса и со витилиго

Сабота, 10 Октомври 2020 22:00

Новата колекција Барби содржи кукли со протези, без коса и со витилиго.

Барби куклиБарби

Калифорниската компанија „Мател“ која ги произведува Барби куклите повеќе од 60 години, објави нова линија кукли, во која ќе има Барби без коса, со протеза, а исто така и со знаци на витилиго болест. Според креаторите, ваквите кукли ќе помогнат да се прошират погледите на современите деца за модата и убавината.

БарбиБарби

Компанијата започна да произведува Барби со протеза минатата година. Куклата е создадена во соработка со Џордан Ривс, 12-годишник, со протетичка рака која е од помош на лицата со попреченост. Марката лансираше слична кукла оваа година, но со потемна боја на кожа. Новата линија има и нова верзија на Кен - со долга коса. Куклите Кен се достапни со четири типови на тело, 13 тонови на кожата, девет нијанси на очите и 22 бои за коса.

БарбиБарби

„Мател“ произведува модели Barbie inclusive во последните пет години. Покрај тоа, минатата година една од најпродаваните кукли во Британија беше Барби во инвалидска количка. Компанијата, исто така, лансираше серија родово неутрални кукли. Овој комплет вклучува кукла без изразени сексуални карактеристики, перика и 15 додатоци, со кои можете да создадете повеќе од 100 стајлинзи. Децата можат сами да изберат која нова кукла ќе има коса и што да облечат - здолниште или панталони.

БарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарбиБарби