Отсега ќе имате можност да ги гледате вашите омилени филмови со уште поголемо уживање.
Стриминг платформата Нетфликс одлучи не само да емитува филмови и ТВ-емисии, туку и да започне со производство на свој сладолед.

За да го постигне тоа, ги здружија силите со славната британска компанија за сладолед Ben & Jerry's. Заедно го претставија Netflix & Chill'd - сладолед со арома на путер од кикиритки, карамела, слатки и зачинети колачиња и миризливи закуски. Секако, Нетфликс ги следи денешните трендови, така што постојат и опции за вегани базирани на бадемово млеко.
Засега, новитетот може да се купи само во Британија, но плановите на Ben & Jerry's се да ја прошират продажбата на овие сладоледи во дваесет земји. Навиваме нашата да биде една од нив.