Куќите што често ги гледаме во филмовите и ТВ сериите не се секогаш студија направени за потребите на снимањето. Многу често тие се вистински локации што се изнајмуваат од страна на филмската екипа само на неколку недели. Добриот дел е што многу од овие места сега се наведени на страната Airbnb и секој може да ги изнајми и да спие точно таму каде што некогаш престојувале нивните омилени sвезди.
Куќата на Бела од Twilight

Локација: Сент Хеленс, Орегон, САД
Цена за една ноќ: 350$
Прекрасната куќа од 1930-тите била продадена во 2018 година за 363.000 американски долари, а купувачите решиле да ја претворат во Airbnb. Еден од сопствениците споделил дека обожавателите од целиот свет им испраќаат предмети што се појавиле во филмот за сопствениците да можат да ги создадат истите простории од сцените од филмот.
Куќата на Хари Потер

Локација: Лавенхем, Англија
Цена: 234$
Куќата се користела како Godric’s Hollow во франшизата Хари Потер и е во продажба од 2017 година откако не најде купувач. Всушност, ниту една од главните sвезди не снимала сцени во оваа куќа, туку напротив, во студио со позадина на куќата, што подоцна се користеле како компјутерски создадени слики.
Остров на желките каде што е снимен филмот Сина Лагуна

Локација: Остров на желките, Фиџи
Цена: над 1.000$
Да, можеби звучи невообичаено, но може да изнајмите цел остров или само луксузна вила каде што Брук Шилдс и Кристофер Аткинс еднаш ја снимија Сината Лагуна. Островот има 14 вили со приватни плажи и нуди секакви активности на вода, како нуркање и едрење. Додека цените се дадени во зависност од бројот на луѓе кои се надеваат да останат таму, можеме да претпоставиме дека се доста високи.
Апартманот во Токио на Шошана од серијата Girls

Локација: Митака, Токио, Јапонија
Цена: 190$
Апартманите именувани како „Реверзибилни судбини“ се изградени уште во 2005 година, направени за сместување до 4 лица. Секој може да ги изнајми за минимум 3 ноќевања. Најимпресивната одлика на апартманот е сферичната жолта просторија која магично се осветлува кога ќе влезе директната светлина на сонцето.
Луксузната куќа од Breaking Bad

Локација: Албукерки, Ново Мексико, САД
Цена: 195$
Ова можеби не е куќата на Волтер Вајт од шоуто, но тоа е луксузниот дом што се појави во епизода 3 од сезона 5. Станува збор за многу луксузна и пространа куќа во која може да се сместат до 17 лица. Цените варираат во зависност од бројот на гости, но се чини дека секогаш има голема достапност.
Замокот Хајклер од Downton Abbey

Локација: Хемпшир, Англија
Цена: 150$
Иако замокот не е достапен за резервација, тој понуди 1 ноќевање на среќен пар уште во 2019 година. Сопствениците, Ерл и Лејди Карнарвон, ја поканија избраната двојка во нивниот замок каде им понудија кралско искуство. Победничката двојка преку писмо морала да ги убеди сопствениците дека се најсоодветни гости за нивниот дом.
Огромната вила од Fresh Prince of Bel-Air


Локација: Брентвуд, Калифорнија
Цена: 30$
Поминаа 30 години откако Вил Смит затропа на вратата на овој легендарен дом во ЛА за прв пат. За да ги прослави незаборавните спомени, вредните животни лекции и смеењата што траеја со децении, „Свежиот принц“ ќе ги сврти работите наопаку - уште еднаш - за градот каде што започна неговото владеење. Актерот и претприемач го додава Airbnb Host на својата долга биографија и ги отвора вратите кон неговото поранешно „кралство“ за да можат фановите да создадат свои спомени.
View this post on Instagram