Креативна мајка од Јапонија пржените јајца ги претвора во неверојатно слатки јадења

Петок, 09 Октомври 2020 18:00

Многу родители ширум светот вложуваат многу труд и време да подготват здрави оброци кои на децата би им изгледале примамливи за јадење.

Но, постои една мајка од Токио, Јапонија чија игра со декорација на храната која ја подготвува за нејзините три ќерки од 7, 9 и 11 години e особено интересна. Оваа жена е позната како Etoni Mama и е мајстор за Kyaraben - уметност за обликување храна која изгледа како цртани ликови.

Иако претходно немала никаква обука за уметност со храната и работи со различни состојки, мама Етони е особено талентирана за претворање на пржените јајца во сите видови слатки карактери. Од Вини Пу до Пикачу, Етони може да направи каков било лик со пржени јајца.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by えとにママ (@etn.co_mam) on

Жолчките служат како совршен дел од лицето или телото, додека другите состојки се внимателно распоредени и претставуваат карактеристики на косата и лицето. Некои јадења содржат дури и парчиња шунка, сирење и зеленчук за да се заврши сликата. Без оглед на дизајнот, секој креативен оброк изгледа премногу симпатично и примамливо.

Заедно со споделувањето на нејзините необични креации со нејзините следбеници на Инстаграм од 163 000+, таа реши да го искористи моментот на здобиената популарност на социјалните медиуми и да објави книга за готвење, чија намена е да помогне на другите родители да споделуваат креативни оброци со своите деца.

Проверете некои од нејзините оброци подолу и дознајте повеќе на нејзиниот профил на Инстаграм.

Etoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni MamaEtoni Mama