Инстаграм започна да ги крие објавите каде детектира употреба на Фотошоп

Четврток, 08 Октомври 2020 22:25

Програмерите на социјалните мрежи започнаа борба против „лажните информации“, по предлог на експертите од здравствената организација „Royal Society for Public Health“, поради се поголемиот број „идеализирани фотографии на јавните личности“ кои ја искривуваат реалната слика и негативно влијаат врз самодовербата на луѓето, a особено на тинејџерите.

Instagram ги објави новите правила уште во декември минатата година, а еден месец подоцна програмерите лансираа нова опција. Публикациите сега ќе ги разгледуваат објавите обележани како „лажни“ или „делумно лажни“, и доколку е потврдена употреба на ретуширање, ќе бидат означени како „лажни информации“. Ова ќе ја исклучи објавата од пребарувања со хаштаг и од делот за истражување, а во фидот на други корисници, сликите прво ќе се појават матни (како при криење на вознемирувачка содржина) и само со нивна согласност ќе станат видливи.

Инстаграм

Што се однесува до авторите на фотографиите, нема да има промени на страниците на нивните профили. Имајте на ум дека фотографиите планирани за користење од уметнички причини исто така е во план да се сокријат (на пример, неприродни предели и пејсажи со голема употреба на ефекти).

Колку точно Инстаграм ќе ја утврдува употребата на Фотошоп и како тоа ќе влијае на блогерите и фотографите засега не е познато. Додека функцијата се тестира на ограничен број на корисници, таа ќе се развива понатаму.

„Ние сакаме да верувате во она што го гледате на Инстаграм. Дезинформациите преку фотографии и видеа се повеќе стануваат проблем во индустријата, поради што се фокусиравме на решавање на истите. Во мај 2019 година, започнавме со проверка на фактите во Соединетите држави за да ни помогнат да идентификуваме, прегледуваме и обележуваме лажни информации за да го ограничиме нивното ширење. „Сега ја прошируваме нашата програма за проверка на фактите на целиот свет“, објаснува Инстаграм.

Инстаграм

Очекуваме оваа опција да биде пуштена во функција наскоро.