3 знаци во Зодијакот што ќе направат драма за време на празниците

Недела, 15 Ноември 2020 10:00

Годината со која полека се збогуваме не беше лесна. Без оглед дали се надевате на помал собир со членовите на најблиското семејство за време на празниците оваа година, или ќе славите преку Вибер и други апликации, едно е сигурно - нема да биде лесно за никого од нас. И додека поединци ќе се обидат да направат сè да помине во најдобар ред под новонастанатите предизвикувачки околности, тука се и оние знаци на Зодијакот што ќе додадат малку драма во целата приказна. Кои се тие знаци ви откриваме во следните редови.

Овен

Најверојатно ќе прави само нему смешни шеги на туѓа сметка.

Овен

Иако е слот машина за оригинални идеи, Овенот често знае да се занесе. Кога ќе им падне на ум смешна мисла, ќе биде многу тешко да се воздржат, дури и по цена да ја расипат атмосферата. Ова, секако, не треба да се зема за зло, бидејќи тој само се обидува да ги направи работите малку помалку формални. Како огнен знак, Овенот е секогаш ориентиран кон насоката на дејствување, без да размислува за последиците. Совет до Овните во врска со ова е да застанат на втората чаша вино, и никако да не посегнуваат по третата. Омилена фраза на еден Овен е „ако не ти се допаѓа тоа што го гледаш и слушаш, можеш едноставно да напуштиш“.

Водолија

Најверојатно ќе започне непотребна политичка дебата.

Водолија

Водолијата најчесто се досадува кога се наоѓа на празничната трпеза. Овие егзистенцијални мислители на зодијакот всушност бараат начин да го исполнат времето што го имаат на располагање, но теми за какво ќе биде времето не им одговараат. Сепак, Водолијата ќе дигне глава од играње игри на телефон само кога некој ќе ги доведе во прашање нејзините силни убедувања. Ако некој од членовите на семејството остро ја прекори политичката идеологија што ја поддржува Водолијата, таа нема да одолее да не возврати. Во тој случај, нема да се осврне само на една безопасна забелешка, туку ќе претстави целосен извештај за фактите во кои верува, со што ќе започне лавина во форма на дебата.

Девица

Најверојатно ќе коментира нешто за храната и послужувањето.

Девица

За да бидеме навистина фер кон Девиците, треба да кажеме дека тие немаат лоши намери, но во исто време, суптилноста не е нивна силна страна. Таа ќе ги коментира вашите премногу суви печени колачиња, со намера дека нејзиниот совет следен пат ќе ви помогне при подготовката на храна. Девиците сакаат сè да биде совршено и добро испланирано со месеци однапред. Тие имаат јасна слика за тоа како треба да изгледа, и честопати не им даваат доволно простор на несовршеностите во таа приказна.