Денеска во Македонија, како и на целата северна хемисфера на планетата почнува есента во 15 часот и 31 минута. Истовремено на јужната полутопка ќе настапи пролетта.
На денот на есенската рамноденица, денот и ноќта не се со еднаква должина, бидејќи Земјата има атмосфера, која навидум го крева Сонцето над хоризонтот. Денот и ноќта ќе бидат со иста должина на 25 септември, се прецизира во соопштението.