Супер холивудската ѕвезда, актерот Чедвик Боузман, кој се прослави со улогата на суперхерој во блокбастерот „Црниот Пантер“, почина денеска на 43-годишна возраст. Тој издивнал во својот дом, во присуство на неговото семејство и сопругата.
„Со неизмерна тага ја објавуваме смртта на Чедвик Боузман. На Чедвик му беше дијагностициран карцином на дебело црево во трета фаза во 2016 година и се бореше со него во последните четири години, бидејќи болеста напредуваше до четвртиот стадиум. Како вистински борец, Чедвик го издржа сето тоа, и ви донесе многу од филмовите кои ги сакавте, а се снимени за време и помеѓу бројни операции и хемотерапии. Најголемата чест во неговата кариера беше што го оживеа кралот Т'чала во „Црниот Пантер“ по кој ќе остане запаметен. Семејството ви се заблагодарува за љубовта и молитвите и ве моли да ја почитувате нашата приватност во ова тешко време“, објавија на Твитер профилот на глумецот.
Боузман работеше на бројни филмски и ТВ проекти изминативе две децении, а се проби играјќи улоги од реалниот живот познати по рушење на расните бариери во САД во период кога таму повторно се разгорува расизмот, вклучувајќи ги соул пејачот Џејмс Браун во „Get on Up“, судијата на Врховниот суд на САД, Тургуд Маршал во „Маршал“ и првиот афро-американски професионален играч на бејзбол Џеки Робинсон во филмот „42“.
Сепак, светска слава здоби со главната улога во „Црниот пантер“, блокбастерот од 2018 година, прв филм за суперхерои во кој актерите беа претежно Афроамериканци. Во овој филм, Боузман ја има улогата на владетел на Ваканда, фиктивна африканска нација која ја поседува најнапредната технологија на Планетата, која беше меѓу филмовите со најголема заработка во 2018 година и беше номиниран за шест Оскари, а освои три, за најдобра филмска музика, најдобра продукција и најдобар дизајн на костуми. Главниот лик на Црниот пантер беше создаден две години претходно, кога го играше и Боузман, во „Captain America: Civil War“ на Марвел, а Црниот Пантер беше претставен уште два пати, 2018 година во „Avengers: Infinity War“ и 2019 година во филмот „Avengers: Endgame“. Со тоа „Црниот пантер“ стана првиот филм за суперхерој што добил номинација за најдобар филм на Оскарите. Покрај одличните критики и заработка од 1,3 милијарди долари во кината ширум светот, филмот се смета за културна превртница поради тоа што речиси сите улоги ги играат Афроамериканци, а има и црн режисер, Рајан Куглер. Минатата година Боузман изјави дека филмот го сменил сфаќањето за тоа што значи да се биде „млад, талентиран и црн“.
Колегите и познаниците се збогуваат со него на социјалните мрежи.
Our hearts are broken and our thoughts are with Chadwick Boseman’s family. Your legacy will live on forever. Rest In Peace. pic.twitter.com/DyibBLoBxz
— Marvel Studios (@MarvelStudios) August 29, 2020
All I have to say is the tragedies amassing this year have only been made more profound by the loss of #ChadwickBoseman. What a man, and what an immense talent. Brother, you were one of the all time greats and your greatness was only beginning. Lord love ya. Rest in power, King.
— Mark Ruffalo (@MarkRuffalo) August 29, 2020
Here’s to an incredible man with immeasurable talent, who leaned into life regardless of his personal battles. You never truly know what the people around you might be going through - treat them with kindness and cherish every minute you have together. RIP #ChadwickBoseman pic.twitter.com/NaNC5GKuut
— Halle Berry (@halleberry) August 29, 2020