Секој на мое место би го направил истото, вели докторката херој која спаси новороденчиња од експлозијата во Бејрут

Сабота, 08 Август 2020 10:00

2.700 тони експлозивен материјал чувани во магацин на бејрутското пристаниште шест години, експлодираа при нивното товарење за да бидат транспортирани и предизвикаа страшна несреќа, десет пати посилна експлозија од атомската бомба врз Хирошима, една од најсилните не-нуклеарни експлозии во историјата. Го потресе центарот на Бејрут и уби најмалку 157 лица и повреди повеќе од пет илјади. Судбината на 80 луѓе сè уште не е позната, се сметаат за исчезнати.

БејрутБејрут

Ретко светла точка во оваа трагедија е она што го има забележано објективот на фоторепортерот Bilal Jawich. Тој во времето на несреќата се наоѓал во својот дом, но штом ги слушнал силните звуци веднаш излегол на улиците на либанскиот главен град да види што се случува. Следејќи го чадот и врисокот на настраданите, стигнал до болницата Al Roum во областа Ashrafieh.

,,Целата болница е срушена, со 12 загинати пациенти, двајца посетители и четири медицински сестри’’, за CNN Arabic ќе изјави подоцна George Saad, одговорно лице на болницата во случај на несреќи. 

БејрутБејрут

Огромните штети и последици врз болницата не влевале надеж за оптимизам, меѓутоа Jawich не можел да верува што гледа меѓу рушевините и повредените тела кои лежеле наоколу. Од чадот излегла медицинска сестра која во рацете носела три новороденчиња.

,,Нешто што веднаш го забележав беше смиреноста на сестрата, која што беше чиста спротивност на тоа што се случуваше на само еден метар растојание. Таа имаше неверојатна внатрешна сила од која црпеше самоконтрола потребна за спасување на тие млади животи. Подоцна ноќта ми кажа дека јачината на експлозијата најпрво ја оставила без свест, но веднаш штом дошла при себе знаела што прво треба да направи’’, изјави Jawich се уште под силни импресии.

Бејрут

Докторката била смирена и постојано повторувала како не сторила никакво херојско дело, и дека секој би го сторил истото на нејзино место. Можеби таа не се смета за херој, но ние ја гледаме како хероина која на целиот свет ја врати вербата во хуманоста.