Познатиот турски готвач и сопственик на луксузен лaнeц ресторани ширум светот, Нусрет Гекче, се прослави кога на „Твитер“ објави снимка на која вешто отсекува парче месо и го посипува со сол со специфично движење на раката.
Неговите објави на интернет со специфичен процес на сервирање на јадењето од месо може да се најдат под ознаката #saltbae, со што ја доведе неговата компанија „Nuse-et“ до вредност од неверојатни 1,5 милијарди евра. По тој повод има изјавено:
„Пред 10 години работев за плата од 400 евра, а денеска сум сопственик на компанија вредна 1,5 милијарди евра“
Меѓутоа со една од скорешните објави, го привлече вниманието на јавноста против себе, особено на љубителите на животни и активистите на здруженијата за заштита на животните. И претходно бил мета на критики со своите позирања со живо месо, но сега се чини ја прелеа чашата.
„Тој е навистина одвратна личност без емпатија, сочувство или каење за злоупотребата и мачењето на невини животни“, е само еден од лавината негативни коментари од љубителите на животни.
View this post on Instagram
Нусрет во моментов се наоѓа на Миконос, и засега нема дадено никаква официјална изјава по тој повод. Останува да видиме дали целата негативна критика ќе има некакво влијание врз неговата работна етика.