Обожавателите на Џејмс Бонд во тага: Почина легендарниот Шон Конери

Сабота, 31 Октомври 2020 14:20

Славната британска филмска легенда Шон Конери, кој ќе остане запаметен по улогата на тајниот агент 007 во седум филмови за Џејмс Бонд, почина денес на 90-годишна возраст, пренесуваат светските медиуми.

Легендарниот шкотски актер има добиено Оскар за најдобар актер во филмот „Нескршлив“, а за истиот филм беше награден и со Златен глобус. Наградата БАФТА му беше доделена за главната улога во филмот „Името на розата“.

Изгласан е за најдобар Џејмс Бонд на сите времиња во анкета на Радио Тајмс, од 14.000 обожаватели на филмскиот серијал кои учествуваа во изборот, и неговото култно остварување на Dr. No во 1962, From Russia with Love во 1963, Goldfinger во 1964, Thunderball во 1965, You Only Live Twice во 1967, Diamonds Are Forever во 1971 и Never Say Never Again во 1983.

За неговиот приватен живот малку се знае, освен дека важеше за вистински заводник, па така на возраст од скоро 60 години, „People“ го прогласи за најсекси маж на светот во 1989 година. И повторно во 1999 година!

Кралицата Елизабета Втора го прогласи за витез 2000 година. Во август годинава го прослави 90 роденден.

Шон Конери

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 10:10 - Телефонски разговор