Насекаде низ светот денес се одбележува Меѓународниот ден на јогата кој во истиот термин ќе го одбележат илјадници луѓе вежбајќи јога и техники за намалување на стресот, приближувајќи ги кон секојдневниот модерен човек. Имаме и ние можност да бидеме дел од едно вакво глобално случување кој го започнале Собранието на ООН со усвојување резолуција за воведување на Светски ден на јогата која била подржана од 177 земји во светот, а оваа година ќе помине во светло на пандемијата од коронавирусот. 2016 година влегла во списокот за нематеријално културно наследство на човештвото на ООН за образование, наука и култура (UNESCO).
,,Ако сакаш да го промениш светот почни сам да се менуваш,, - Народна мудрост
Јогата е древна духовна и физичка практикa од кoja се имаат развиено различни стилови, кои се практикуваат низ целиот свет. Буквалниот превод на зборот јога е унија и тој во себе ја содржи самата суштина или крајната цел на јогата. Во своите рамки оваа дисциплина вклучува физичка, ментална и спиритуална пракса, па така делува на сите нивоа од нашето постоење. Ги зголемува флексибилноста и снагата, го зајакнува ‘рбетот, го одржува нервниот систем, ја подобрува циркулацијата, меморијата, фокусот и балансот, ја намалува тензијата во екстремитетите, го поттикнува имуниот систем, го зголемува капацитетот на белите дробови, го смирува умот. Нема натпреварувачки карактер, туку претставува совршена алатка за усовршување на самите себе од сите аспекти.
,,Човекот е таков, каков што е неговиот ум,, - Јога мудрост