Иако високите температури веќе го најавија, денес е официјалниот датум кој се смета за почеток на летото. Денеска денот ќе биде најдолг, а ноќта најкуса на северната хемисфера и во нашата земја, а тоа значи и првиот ден од летото.
На 21 јуни, на северната полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум).
Веќе од понеделник (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2020 година. Вечерва официјално календарски почнува лето, односно на 21 јуни. Летото оваа година за граѓаните на северната Земјена полутопка почнува вечерва во 23 часот и 45 минути.