Денес е Светскиот ден на насмевката: Смејте се секој ден, а денес со цел свет

Петок, 02 Октомври 2020 18:35

Харви Бол е американски графички уметник за маркетинг од Масачусетс кој го создаде познатото жолто насмеано лице во 1963та година. По негова иницијатива првиот петок од првата недела на октомври е прогласен за светски ден на насмевката во 1999 година. Само две години подоцна Харви почина, и во негова чест е формирана “Harvey Ball World Smile Foundation” чие главно мото е „Да се направи светот подобро место за живеење насмевка по насмевка“. Зад неофицијалниот празник се крие идејата да посветиме барем еден ден од годината на насмевките и добрите дела.

Насмевки

Сите резултати на разни истражувања се во корист на насмевката. Најубавата крива линија активира 15 мускули на лицето кои ослободуваат ендорфини (хормони на среќа). За попријатни се сметаат насмеаните лица кои може да ги препознаеме и од 90 метри. Луѓето кои се насмевнуваат често живеат подолго од тажните и намуртени лица, со стимулирање на имунолошкиот систем преку зголемување на нивото на хормонот кортизол. Го намалува крвниот притисок, служи како мини вежба за стомачни мускули и го намалува нивото на стрес. Користете ја секоја шанса за смеење. Тоа е најевтиниот лек.

Насмевки

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 11:11 - Наскоро ќе бидете заедно