Марија Шерифовиќ е српска пејачка која се прослави со победата на Евровизија 2007. Таа на многу емотивен начин ја претстави Србија и го донесе Евросонгот во Белград. Оттогаш ужива голема популарност и почит во родната земја.
Токму затоа веста за повлекување од музичката кариера изненади многумина. Музичарите поради рестрикциите се оневозможени да настапуваат во угостителски објекти, со што им е загрозена егзистенцијата, па пробуваат на други начини да обезбедат пристојни услови за живот.
View this post on Instagram
Најновата изјава на Марија, која таа самата ја објави на својот YouTube канал, го потврдува токму тоа. Во овие неизвесни времиња, неизбежна е преквалификацијата кон друга професија. Во нејзиниот случај ќе проба да ја искористи стекнатата популарност за поголема активација на нејзините социјални медиуми, да се стекнат што повеќе следачи, лајкови и коментари. Кај нас тоа се нарекува 'влијателни', а во светот се користи изразот 'инфлуенсери'. На Балканот се уште да се биде инфлуенсер е поим кој не е гледан како сериозна професија, но од овој бизнис во светот се повеќе луѓе ја обезбедуваат својата егзистенција. Инфлуенсерите радикално го променија лицето на маркетингот со влијанието кое го имаат и соработките со голем број на маркетинг агенции и брендови кои на оригинален начин ги рекламираат на своите профили.
Дали ќе биде прифатена интернет платформата на Марија, или сепак ќе се врати на својата изворна професија, останува да видиме.