Ова се 3-те славни жени за кои не знаевте дека се коцкаат

Вторник, 06 Октомври 2020 17:30

Многу често низ Интернет можеме да прочитаме дека некои од славните мажи поминуваат многу време во казината и коцкањето им е хоби. Иако за славните жени ретко можеме да слушнеме нешто такво, има неколку познати диви кои исто така уживаат да се коцкаат. Тие сакаат игри како покер или блек џек и сигурни сме дека со своите вештини ги оставаат сите без зборови.

Казино

Ние решивме да споделиме кои 3 познати дами сакаат да си ја испробаат среќата на маса во казино или на места како што се онлајн обложувалниците.

Шенон Елизабет

Сигурни сме дека ова име не ви звучи многу познато, но ако ја имате гледано ТВ серијата „Американска пита”, тогаш ќе ја препознаете по улогата што ја игра – Надија. Шенон исто така била позната манекенка, а сака покер уште од раното детство. Започнала да игра заради забава, но подоцна почнала да се пријавува на многу турнири каде што се натпреварува за значителни суми пари. Таа е позната и по организирањето турнири каде дел од приходите ги донира во хуманитарни цели, како што е изградба на засолништа за животни.

Шенон

Памела Андерсон

Памела Андерсон е друга славна жена која отсекогаш била позната по вниманието што го привлекувала од машката публика. Иако не ни дава причина да мислиме така, Памела е страствен обожавател на коцкањето, но тоа ја довело и до многу непријатни ситуации и не може навистина да се пофали со своите авантури како Шенон Елизабет. Има разни приказни за долговите поради коцкањето и начините на кои таа ги враќа парите, а можеме само да кажеме дека овие приказни воопшто не одат во нејзина корист.

Памела

Парис Хилтон

Убавиот изглед, забавите, славата, парите – сето тоа ни доаѓа на ум кога ќе го слушнеме името Пари Хилтон. Едно, сепак, нема да им падне на памет на многумина, а тоа е, се разбира, коцкањето. Парис се чини дека сака да ги вложува своите пари како да нема утре. Приказните што ја опкружуваат оваа дива велат дека таа е исклучително успешна во коцкањето и дека секогаш се случува да земе голема сума пари. Па, скоро „секогаш“, затоа што пред повеќе од 10 години таа изгуби скап автомобил Бентли - нешто за што многумина можат само да сонуваат. Имаше гласини дека е фатена со недозволена материја во едно од казината во Лас Вегас и дека нејзините активности во казиното се сведени на минимум. Сепак, таа набргу потоа стана амбасадор на едно од најпознатите онлајн казина досега. На крајот, се чини дека таа успеа во тоа што сака да го направи.

Парис Хилтон