Во случај да сте пропуштиле, на почетокот на оваа недела Ким Кардашијан Вест беше дел од најновата и последна насловна за есен/зима изданието на 'AnOther Мag’ списанието, заедно со иконата Мишел Лами.
Опфатени во серија портрети снимени од сопругот Канје Вест и дизајнерот Рик Овенс, можеме да ги видиме овие две икони како си разменуваат стилови и облека – Мишел Лами облекува еден куп парчиња од линијата за долна облека на Ким - SKIMS, а самата Ким позира со парчиња од линијата HUNROD која ѝ припаѓа на Мишел.
Поради веста дека на 5-ти октомври се пушти во продажба линијата за долна облека на Ким – SKIMS во стоковната куќа Selfridges која се наоѓа во Британија, таа организира натпревар за цртање во соработка со нејзината долгогодишна соработничка, уметничка и фотографка Ванеса Бикрофт, која ја фотографираше Ким облечена во парчиња од нејзината линија за обликување на телото. Серијата портрети треба да биде главната инспирација за оние кои сакаат да аплицираат на повикот, а можат да користат било каков медиум за цртање.
Сите се поканети да создадат свои уметнички дела и да ги постават на своите Инстаграм профили, секако тагнувајќи ги за вашиот цртеж да биде забележан.
Предизвикот ја слави инклузивноста, убавината и позитивноста, што значи дека можете слободно да ја толкувате задачата онака како што вие се чувствувате и како ја замислувате.
Крајниот рок до кога може да се аплицира е 12-ти октомври, без никакви ограничувања околу пол, возраст, нација, ниту ограничувачки број на испратени апликации за учество.
Ким ќе биде таа што ќе ги избере нејзините фаворити од цртежите во претстојните неколку недели. Уметничките дела на победниците ќе бидат прикажани на веб-страницата на стоковната куќа Selfridges. Веќе се издвоени неколку од досега пристигнатите дела кои можете да ги погледнете за инспирација, а за да се вклучите во овој повик упатете се на Инстаграм профилот на Selfridges:
View this post on Instagram