Кети Пери го сподели своето прво искуство како мајка еден месец по раѓањето на бебето Дејзи

Сабота, 03 Октомври 2020 10:00

Кети Пери сподели дека има поголема благодарност и разбирање за сите родители по раѓањето на нејзината ќерка Daisy Dove Bloom во август оваа година.

Кети е на само два дена од завршувањето на нејзиниот прв месец од мајчинството и слободно може да се каже дека сочувствува со сите родители. На нејзиниот Твитер профил, таа изјави: „Популарна заблуда: да се биде мајка не е работа со полно работно време“.

Всушност, ѕвездата кажува дека е сосема спротивно - "Кога една мајка конечно ќе се врати на работа (без оглед на професијата што ја има) не е како да доаѓа од одмор и месеци со слободно време... таа мајка доаѓа од работа со полно работно време... таа е мајка!"  - Можеби навестувајќи дека повторно се враќа во студиото.

И, ако таа изјава не е доволна, ѕвездата сподели дека мајките низ целиот свет можат да добијат мала благодарност во овие моменти. Таа им порача на своите следбеници: „Јавете се на вашата мајка и кажете и дека ја сакате и цените и застапувајте ги правата за платено семејно отсуство!“

На истиот ден со МТВ Видео Музичките Награди, Кети сподели селфи по породувањето и го проследи со хаштагот #exhaustion (#замор) како главен „виновник“ за нејзината шминка и фризура.

Katy Perry

Сепак, таа и свршеникот Орландо Блум со леснотија преминаа во животот како тричлено семејство. На почетокот на септември, извор открива дека родителите биле излезени на стандардна прошетка во околината на Санта Барбара, Калифорнија. „Кети изгледаше среќно што е надвор и беше многу слатка и пристојна“, сподели сведокот.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 16:16 - Наскоро ќе ти прати порака