Џиџи Хадид и Зејн Малик, како и нивните семејства, се „опседнати и заљубени“ во своето девојче по нејзиното пристигнување минатата недела.
Според извор, новите родители минатата недела го дочекаа раѓањето на своето девојче во Њујорк. Зејн, неговата мајка и Јоланда Хадид, мајката на Џиџи биле покрај Џиџи додека минувала низ пораѓајот.
Изворот споделува: „Сè помина во најдобар ред и таа полека се опоравува во својот дом“.
Но, повеќе од сè, изворот вели дека 25-годишната девојка е воодушевена од својата нова улога како мајка. "Џиџи е пресреќна и не може да верува дека создале ангел. Таа е навистина заљубена и имаат многу заеднички емотивни моменти додека го држат во прегратка своето девојче".
Изворот продолжува: "Зејн беше многу емотивен кога се роди нивното девојче. Тоа беше навистина посебен момент за него. Изјавил дека сега е засекогаш променет и дека никогаш не би ја разочарал својата ќеркичка или Џиџи. Сака да биде најдобриот татко и е навистина возбуден“.
View this post on Instagram
Во минатото, врската на двојката беше со мали подеми и падови, но изворот потврдува дека тие се „во одличен однос и навистина заљубени во моментов“.
Пејачот го најави доаѓањето на нивната ќерка во средата, на 24 септември. Тој прв ја откри веста преку социјалните мрежи, пишувајќи на Инстаграм: „Нашето девојче е тука, здраво и убаво. Љубовта што ја чувствувам кон ова мало суштество е над моето разбирање. Благодарен сум што ја познавам, горд што ја нарекувам моја ќерка и благодарен за животот што ќе го имаме заедно".
Во својата изјава, Џиџи рече дека нивната новородена ќерка „веќе го смени светот каков што го познававме пред неа“.
View this post on Instagram