Само два месеци откако актерот Макс Ерих ја запроси Деми Ловато со дијамантски прстен вреден околу 1 милион долари, таблоидите дознаваат дека на нивната љубов решиле да стават крај.
Фановите на Деми започнале да шпекулираат дека нешто не е во ред помеѓу типично неразделната двојка кога нејзините пријатели го одследиле актерот од Инстаграм. Според нејзините фанови т.н. Ловатикс, станува збор за блиските пријатели и членовите на семејството на Деми, помеѓу кои е и нејзината сестра Далас Ловато и долгогодишниот другар Метју Скот Монтгомери.
Во една изјава стои: „Луѓето блиски до Деми изразија дека се навистина загрижени и се двоумат за Макс како нејзин партнер“.
И покрај нивната загриженост, извори тврдеа дека Деми е „Лудо вљубена во Макс и не сака да биде повредена. Таа навистина се грижи за него и сака да верува дека неговите намери се вистински и искрени“.
Краткотрајната љубовна приказна на Деми и Макс започна во март кога заедно ја започнаа самоизолацијата во куќа во Лос Анџелес. Нивната врска напредуваше брзо, а до јуни 28-годишникот веќе ја планираше нивната иднина заедно.
На 22 јули, ѕвездата од The Young & the Restless го постави судбоносното прашање на плажа во Малибу, Калифорнија.
Деми купи и куќа од 7 милиони долари во Лос Анџелес, навидум за неа и Макс и нивниот заеднички живот.
Но, во средината на септември пукнатините во врската почнале да излегуваат на виделина. Кога Деми јавно реагираше на стари објави на нејзиниот свршеник на социјалните мрежи, во кои тој, наводно, зборува дека Селена Гомез е „поубава“ од Деми.
Деми изјавила дека твитовите на Макс биле фотошопирани, пишувајќи на социјалните мрежи: „Додека од една страна ги разбирам и имам сочувство кон оние што се толку згрозени од реалноста во 2020 година, што имаат потреба да си го одвлекуваат вниманието со фотошопирани слики за да не се фокусираат на тоа колку се тешки овие времиња, меѓутоа од друга страна, ако имаш повеќе од 13 години навистина не ја разбирам потребата од вакви објави! Однесувајте се во согласност со годините и пишувајте за теми што навистина се важни. Ве молам."