Бред Пит (56) официјално повторно е сингл! Неидентификуван извор близок до актерот и неговата 27-годишна девојка, германскиот модел Никол Потуралски, изјави дека тие неодамна се разделиле.
Изворот објаснил дека Пит и Потуралски, кои првпат беа видени заедно во август годинава, се навистина разделени и дека никогаш не било се толку сериозно како што сакале да претстават медиумите. Пит е татко на шест деца, а Потуралски има едно дете. Ова е прва врска на Пит за која се дозна во јавноста по разделбата со Анџелина Џоли.
Уште на почетокот, статусот на врска со Потуралски предизвика полемики, затоа што манекенката е во „отворен брак“ со 68-годишниот сопственик на ресторани, Ролан Мери, со кого беше фотографирана пред неколку дена во Берлин. Бред и Никол всушност прв пат се запознале во август 2019 година на забава по берлинската премиера на филмот на Пит „Once Upon a Time . . . in Hollywood“.
Тој уште додал за медиумите дека „Бред мисли дека Никол е убава и културна девојка, но тој нема апсолутно никакви планови, ниту желба да се жени повторно. Бред не сака девојка со која би бил секој ден“.
View this post on Instagram