Актерот Крис Хемсворт од „Тор“ медитира под вода за неговата фитнес апликација

Вторник, 03 Ноември 2020 16:00

Крис Хемсворт штотуку го објави својот најнов перформанс и тоа е токму она што ни требаше!

Актерот добро го искористи својот смирувачки и длабок глас снимајќи видео за афирмација под вода за неговата фитнес апликација Centr во понеделникот.

Chris Hemsworth

И што е најдобро од сè, релаксирачкиот клип содржи камео изненадување од едно од неговите деца близнаци - Саша и Тристан.

'THOR'

Крис седи со скрстени нозе на дното на базенот, ги притиска дланките заедно и рецитира: "Дали е до мене или навистина е сè потешко да се најде место каде што може да се избега од сè, место каде што можеш да бидеш самиот со себе? Па, ајде да го најдеме тоа место заедно, затворете ги очите. Не вдишувајте затоа што сте под вода. Замислете си дека сте на некое место далеку, далеку од каде и да си заглавен во последно време“.

'THOR'

Одеднаш, неговиот син го наруши неговиот безбеден простор. Крис мавта со раката кон него и вели: "Тука нема одвлекување на вниманието. Ништо не може да ти ја наруши смиреноста. Никој не го бара твоето внимание".

Chris Hemsworth

Нормално, момчето го исмејува својот татко и плива за да му пречи. Крис иронично продолжува: „Едноставно, оттурнете ги вашите грижи, сè додека не бидете само вие со вашите мисли“, мислејќи на синчето кое му додева во момент на медитација. Интересното видео може да го погледнете подолу: