Актерката Аманда Сејфрид го објави раѓањето на второто дете

Вторник, 06 Октомври 2020 10:00

Аманда Сејфрид и сопругот Томас Садоски го следеа примерот на Кети Пери и Орландо Блум и го објавија раѓањето на своето дете преку добротворните организации со кои соработуваат ‘INARA’ и ‘War Child’. Сејфрид, исто така, успеа да ја задржи својата втора бременост во целосна тајност. Двојката објави кратка изјава на Инстаграм профилот на ‘War Child’ заедно со првата фотографија од нивниот син. Парот има и 3 годишна ќерка Нина. Засега не го откриваат името на нивниот син.

Аманда

„Од раѓањето на нашата ќерка пред 3 години, нашата посветеност кон невините деца кои се толку брутално погодени од конфликти и војна е движечка сила во нашите животи. Со раѓањето на нашиот син работата на INARA и War Child стана наша Северна Ѕвезда“, објавија среќните родители.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by INARA (@inaraorg) on

Сејфрид ја чува својата ќерка настрана од социјалните мрежи. Аманда често зборува за тоа што сака и што не сака да споделува на својот Инстаграм профил.

„Не го споделувам нејзиното лице или било што поврзано со неа на интернет. Ќе ја оставам да избере самата кога ќе сака да го стори тоа кога ќе биде поголема“, рече актерката.

Аманда

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 16:16 - Наскоро ќе ти прати порака