Традиционално, новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ светна вечерва во 19 часот, во вонредни околности, во време какво што живееме, без посебен настан, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје. Таа, како и минатата година, е дигитална на која ќе се менуваат различни нијанси и бои.
„Поради пандемијата од корона вирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично. Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание“, соопштуваат од Градот.
На плоштадот „Македонија“ вечерва присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов.