„Новогодишна ЗОО бајка" во Зоолошката градина во Скопје

Сабота, 26 Декември 2020 21:30

Од Зоолошката градина ги покануваат најмалите да бидат повторно дел од веќе традиционалната Новогодишна Зоо бајка која ќе се одржи на 28.12 (понеделник), со почеток од 13:30 во Зоолошка градина Скопје.

„Во пресрет на Новата година, за вас подготвивме новогодишна театарска претстава која ќе ве одведе во земјата на омилениот Дедо Мраз, а во 13:00 часот тој со магичното вовче ќе допатува директно во Скопје Зоо и ќе подели подароци за сите дечиња од нашите пријатели и спонзори“, соопштија од Зоолошка градина, од каде потенцираат дека настанот ќе биде реализиран по сите здравствени протоколи, безбеден за сите и на отворено, но и дека носењето маска е задолжително.

Зоолошка