Најбрзите енергетски бомбици без шеќер од 5 состојки

Среда, 07 Октомври 2020 18:00

Вкусен и здрав рецепт за енергетски бомбици кој мора да го пробате уште денес. Урмите како главна состојка обезбедуваат слатка и леплива основа. Какаото го дава вкусот на чоколадо, а путерот од кикиритки го дава оној класичен вкус на колачиња кои не се печат. Овесните снегулки се тука за да го заменат брашното и да ги задржат вашите цревни бактерии среќни!

Бомбици
  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Количина: 12 бомбици
Бомбици

Состојки:

  • 250 грама урми (околу 15 урми)
  • 25 грама какао
  • 30 - 50 грама путер од кикиритки
  • 25 грама овесни снегулки
  • Прстофат сол
  • 1/8 лажичка екстракт од ванила (по избор)
БомбициБомбици

Начин на подготовка:

Во процесор за храна ставете ги урмите (без семки), какаото, путерот од кикиритки, овесните снегулки, солта и екстрактот од ванила.

Ако немате процесор за храна, пробајте со блендер, но можеби ќе биде тешко со урмите поради нивната леплива природа. Затоа користете мала брзина.

Бомбици

Блендирајте додека не добиете убава смеса што ќе се згрутчи. Ако е премногу сува и ронлива додајте путер од кикиритки или урми кои треба да се свежи.

Извадете малку од смесата со лажица и направете топче. Така можете да направите 12 топчиња.

Вкусете ги веднаш или оставете ги во фрижидер каде што можат да останат до 2 недели или пак во замрзнувач цел месец. Украсете со повеќе путер од кикиритки, а потоа замрзнете. Нема да зажалите, бидејќи така ќе бидат навистина превкусни!

Бомбици