Готов за 10 минути: Колач без печење за сите љубители на путер од кикиритки

Вторник, 06 Октомври 2020 14:20

Доколку сакате да јадете нешто благо, но исто така сакате вашиот десерт да биде здрав, хранлив и брз за подготовка, проследете го овој едноставен и вкусен рецепт за домашни слатки со путер од кикиритки кои имаат мала количина на јаглени хидрати и шеќер, вегански се и без глутен. Чувајте ги во фрижидер или замрзнувач кога ќе ви притреба здраво задоволство.

Домашни рецепти
  • Време на подготовка: 10 мин.
  • Време на готвење: 0 мин.
  • Вкупно време: 10 мин.
Ситни колачи

Состојки:

  • 100 грама 85% темно чоколадо
  • ½ шолја природен путер од кикиритки
  • ½ лажица чист јаворов сируп или мед
  • Прстофат сол, ако путерот од кикиритки не е веќе солен
Мафини

Начин на подготовка:

Поставете тава за мафини со 9 мини облоги. Рецептот е за 9 парчиња, но ако сакате, можете да го удвоите за да направите 18 мини слатки.

Топењето на чоколадото направете го со ставање 50 грама од темното чоколадо во чинија која е безбедна за микробрановата печка, и топењето направете го во неколку интервали од по 30 секунди или додека не се стопи чоколадото. Можете исто така да го стопите чоколадото и во тенџере на тивок оган, притоа често мешајќи.

Откако ќе се стопи чоколадото, додадете 1 лажичка на дното на секоја чаша (околу 1 полна лажичка). Користете ја лажицата за да го притиснете/раширите чоколадото нагоре по страните на секоја постава, треба да го искористите целото количество на чоколадо што сте го стопиле.

Откако ќе ги наполните сите чаши, ставете ја тавата во замрзнувач само неколку минути за да се стегне чоколадото.

Направете фил од путер од кикиритки со додавање путер од кикирики, јаворов сируп или мед во чинија и мешајте додека не се изедначи смесата. Ставете ½ лажица од смесата во секоја чаша. Треба да се пополни речиси до врвот на вдлабнатината.

Колачиња

Повторно ставете го во замрзнувач додека го растопите преостанатото чоколадо во микробрановата печка (или на шпоретот) како што направивте со претходната половина.

Ставете околу 1 лажичка врз путерот од кикиритки, осигурувајќи се дека ќе го покриете целиот фил од путер од кикирики. Замрзнете 5-10 минути или додека чоколадото не стане цврсто.

Штом се зацврстат, можете да ги чувате во фрижидер или замрзнувач сé додека не сте подготвени да ги јадете.

Колачиња

Нутритивни вредности:

  • Порции: 9 мини чашки/слатки
  • Големина на порција: 1 
  • Калории: 162kcal
  • Масти: 12,7 g
  • Заситени масти: 4,6 g
  • Јаглехидрати: 7,9 g
  • Влакна: 2,6 g
  • Шеќер: 2,8 g
  • Протеин: 4,2 g