Зачекорете во новата сезона со кожна јакна на тренди начин

Понеделник, 14 Септември 2020 10:00

Според она што го диктираат светските модни трендови, се чини претстојната сезона ќе биде во знакот на кратките кожни јакни, кои изгледаат толку шик и смело што ќе сакате есента да трае вечно. Доколку сте љубител на кожата и сите детали преку кои ви се презентира, ќе ги обожавате овие лежерни парчиња облека, кои многу лесно се носат со поширок асортиман на облека и есенски чевли.

Кожна јакна

Зошто е најактуелна баш кусата верзија на класичната кожна јакна? Како прво, затоа што е сè уште топло за класична јакна до половината, а пред се затоа што овој дизајн изгледа многу сензуално.

Комбинации со здолништа и фустани

Неколку преостанати топли денови ви даваат можност да ја носите вашата нова кратка кожена јакна преку лелеавото летно фустанче, кое ќе го истакнете со мрежести чорапи и високи потпетици. Ако изберете црна кожа, речиси и да нема фустан или здолниште во неутрална или јака летна боја што не можете да ги комбинирате со неа. Можете да постигнете дури и многу духовит деловен стил со комбинирање на миди сино здолниште со посветла сина кошула преку која ќе ја префрлите омилената кратка кожна јакна. Доколку сте расположени за провокативен изглед, побарајте смарагдно зелен краток фустан и потенцирајте го неговиот изглед со кожен ремен.

Кожна јакнаКожна јакнаКожна јакнаКожна јакнаКожна јакнаКожна јакнаКожна јакна

Комбинации со фармерки и панталони

Вашите омилени ripped или класични фармерки совршено ќе се вклопат со пократка кожна јакна. Под неa, можете да носите лесна маица во неутрален тон, или опуштена верзија на кошула со долги ракави. За целосен впечаток, задолжително изберете подлабоки чизми кои ќе го истакнат вашиот беспрекорен изглед, тесните женски панталони едноставно обожаваат детали како кратка кожна јакна, бидејќи благодарение на тоа, имаат можност да ги истакнуваат контурите на половината.

Кожна јакна

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 01:01 - Наскоро ќе бидеш среќен/а