Кога станува збор за модата, можете да бидете многу креативни, да експериментирате со стиловите и боите и да добиете одлични резултати.
Голем тренд за ова лето е креирањето на стил во една боја, односно монохроматски изглед. Таквиот стил е едноставен, а прави да изгледате неверојатно тренди.
Монохроматски изглед подразбира да комбинирате парчиња облека кои се во иста боја, или неколку нијанси од истата боја. Еднобојниот избор на облека ви дава едноставен и чист изглед.
Во монохроматските комбинации прилега апсолутно секоја боја која ќе ја одберете. Од нежни и неутрални нијанси, до јаки и впечатливи бои.
Не заборавајте дека монохроматската гардероба, иако е иста или слична по боја, не мора да биде со иста текстура. Вашата цел не е да ја потенцирате монотонијата, туку да ја изразите женственоста во поинаква форма.
Избегнете ги секојдневните здодевни изгледи и креирајте уникатен, впечатлив и неверојатно модерен тренди стил.
Погледнете ги нашите предлози за инспирација.