Револуционерна “Gucci MX” родово неутрална колекција

Понеделник, 03 Август 2020 10:00

На 22 Јули, модниот бренд Gucci, под креативно раководство на Alessandro Michele, ја објави најновата ,,genderless’’ или родово неутрална линија на облека. Прославувајќи го самоизразувањето во името на целата родова еднаквост, модниот бренд ја претстави линијата Gucci MX.

Оваа модна линија Gucci MX е наменета за сите луѓе без да се придржуваат кон конкретната поделба на машки или женски парчиња гардероба. Како што е објавено и на самата веб-страна на Gucci, ваквата колекција го потенцира распаѓањето на родовата поделба. Играјќи со конструктивната природа на полот, МХ ја потенцира перформативната природа на она што го носиме, претставувајќи ја машкоста и женственоста како релативни концепти.

Gucci MX ги дели производите во четири категории: подготвени за носење, чанти и багаж, чевли и аксесоар кои ќе бидат сезонски обновувани и покрај останатите производи. Gucci е воедно еден од првите луксузни модни брендови кој започнува иницијатива и го воведува ваквиот извонреден избор на модна колекција за еднаквост помеѓу машка и женска гардероба. 

Главниот креативен директор на модната куќа, Alessandro Michele, си игра со темите мажественост и женственост и во белешките за колекцијата вели: 

 „Време е да ја испочитуваме слободата на самоопределување без социјални ограничувања, авторитарни санкции и задушувачки стереотипи. Мажот треба да се соедини со својата нежност и кршливост. Нишалото кое се движи во центарот на пистата де на едната, де на другата страна, симболично го претставува балансот меѓу двете екстреми – мажественоста и женственоста.“