Пристигнува втората колекција Savage x Fenty со потпис на Ријана

Понеделник, 28 Септември 2020 22:30

Доаѓа втората колекција на Savage x Fenty!

Ријана

Можеби 2020 навистина не беше тоа што очекувавме, но оваа недела самата Ријана откри навистина возбудливи вести. Откако ги здружија силите со Amazon Prime Video за Savage x Fenty на NYFW минатиот септември, иконата откри дека вториот дел доаѓа многу наскоро - веќе на 2 октомври. 

Овој пат на располагање се познати лица како Тревис Скот, Бад Бани и Розалија, Бела Хадид, Палома Елсесер, Лизо, Деми Мур, Рико Насти, Парис Хилтон и суперsвездите Хаида Есенс Хол, Џиџи Гуд и Шеа Куле кои ќе ја прошетаат пистата во креациите на Ријана.

Ријана

Со една мала ретроспектива преку фотографии, ве потсетуваме на нејзината претходна колекција, која всушност претставуваше комбинација од модна писта, музичко шоу и целосен визуелен спектакл. Во очекување сме со што ново ќе изненади Рири овој пат.