Појас-чантите се "must have" моден додаток на секоја летна комбинација

Недела, 02 Август 2020 10:00

Трендот на појасните чанти е широко прифатен и актуелен сезонава.

Појасните чанти се совршено место за чување на вашиот телефон, паричник и останати лични предмети. Можете да ја носите на класичен начин, односно на струк, или на рамо и ќе бидете сигурни дека работите се безбедни до вас.

Овој стил е супер практичен, функционален и одговара за речиси секоја прилика. Различните видови од овој модел на чанти ги задоволуваат различните вкусови, без разлика дали преферирате луксузен моден или спортски стил.

Особено се практични за патувања каде можете да ги чувате пасошот, телефонот, паричникот, а притоа рацете ви се слободни и можете во целост да уживате во прошетките.

Можете да создадете одлични комбинации со овој моден аксесоар и да ги комбинирате на разни начини. Одговараат за лежерен изглед комбиниран со патики, или елегантен стил со потпетици.

Погледнете ги следните фотографии за повеќе идеи како да го комбинирате овој моден додаток.

Belt bagBelt bagBelt bagBelt bag