Како што се менуваат модните трендови, така и секоја сезона ја обележуваат различни бои кои можете да ги комбинирате за да добиете одличен моден и тренди изглед.
Збогувајте се со темните и топлите бои и комбинирајте ги пастелните бои кои се голем тренд и ова лето. Истакнете ја важата женственост, елеганција и нежност со модни комбинации во пастелни бои.
Покрај големиот избор на парчиња облека во различни јаки бои и принтови, пастелните бои се одличен избор за ова лето и се омилени кај девојките.
Доколку сакате истовремено да постигнете нежен и впечатлив изглед, збогатете го со пастелните бои. Тие изгледаат прекрасно на секоја жена. Можете да започнете да ги комбинирате од мали аксесоари или додатоци кои ќе ја потенцираат вашата индивидуалност, па се до целосен изглед во пастелна боја или неколу нијанси.
Секогаш можете да направите прекрасен изглед со избирање на единствена пастелна боја или неколку нијансни за целата облека.
При изборот на пастелните парчиња облека, држете се до минимализмот и едноставните детали.
Погледнете ги следните фотографии за повеќе идеи како да креирате тренди изглед во пастелни бои.