2020 година ќе остане запаметена како најпредизвикувачката што човештвото ја памети. Таа нè натера да ги преиспитаме различните аспекти на нашиот однос со светот околу нас. Модата не е исклучок. Досега одржаните модни ревии беа видливо организирани поинаку од вообичаеното, се со цел поефикасно социјално растојание и заштита на луѓето од вируси.
И додека многу дизајнери се одлучија за виртуелни презентации, некои презентираа интимни модни ревии каде гостите седеа со маски на лицето, или пак моделите носеа маски. Треба да ја споменеме и специфичната куклена ревија со марионети на брендот Moschino кои навистина привлекоа внимание со појавување на пистата наместо модели. И додека месецот на модата пристигнува во Париз, копнежот да се покажат колекциите за пролет - лето 2021 станува сè поголем и позабележителен.
Најновата колекција на Диор се фокусираше на фиксирање на женственоста, додека „Кензо“ инспириран од „Медена земја“ оддаде голема почит кон климатските промени и спасување на пчелите како дел од своите ревии кога човештвото е во преговори со екосистемот. Париската модна недела не остави никого рамнодушен и оваа година, а имате можност да откриете што беше прикажано во нашата галерија.
PARIS FASHION WEEK SPRING – SUMMER 2021 премиерно за вас.