Максимализам во новата висока колекција накит на Dior

Понеделник, 10 Август 2020 22:00

Креациите на Victoire de Castellane, ја продолжуваат приказна што ја започна самиот Christian Dior: Приказна за женственост, елеганција и префинетост, украсена со деликатно изречена смелост.

Victoire de Castellane, уметничкиот директор за накит на Dior и нејзините богати креации се создадени да ве воодушеват со нивната неверојатна привлечност и уникатност.

Парче накит е прекрасен додаток што ја истакнува вашата облека и го персонализира вашиот изглед. Нејзината најнова луксузна колекција накит уште еднаш нуди чувство на оптимизам.

Victoire de Castellane не е инспирирана од природата, животните или историјата на самиот бренд  туку од  техниката за врзување на боите.

Колекцијата составена од над сто парчиња комбинирајќи апстрактни форми, разновидни кроеви и живописни бои на скапоцени камења. Во еден ист пар се забележуваат асиметрични обетки, се соживуваат не само различни камења, туку и различни нијанси на ист камен. Големите бисери во бела, розова, жолта, па дури и виолетова боја, го претставуваат централниот елемент на многу разновидните парчиња накит.

накитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакитнакит