Кожните здолништа ќе доминираат во претстојната сезона

Петок, 21 Август 2020 10:30

Мини здолниште треба да се сака и умешно да се носи. Ако додадете и кожни детали, ситуацијата е уште појасна. Ова парче облека се претвора во вистински магнет што привлекува внимание. Мини кожни здолништа се центарот на настаните ова лето. Доколку сакате да ве гледаат и запомнат каде и да се појавите, наша препорака се заводливи мини кожни здолништа. Тие влегуваат во толку многу различни комбинации, бои и должини што е речиси невозможно да се избере само една. И, зошто би сакале кога секој ќе изгледа фантастично. 

Leather SkirtLeather SkirtLeather SkirtLeatherLeatherLeatherLeatherLeatherLeather

Ако сакате да носите импресивна гардероба, не треба да го пропуштите кожното мини здолниште ова лето. Црвената, црната, беж или кафеава боја е совршена за комбинирање со класична бела блуза или кошула. Доволни се сами по себе, овие здолништа не бараат од нив да ги потенцирате со контрасти или ремени, затоа што во повеќето случаи доаѓаат со стилизирани детали. Минималистичките сандали, како и тесните кожни чизми за глуждот, се вклопуваат во совршени комбинации со овој вид летно здолниште.

Leather SkirtLeather SkirtLeatherLeatherLeatherLeatherLeather

Кожно здолниште до колена е совршено за периодот на транзиција од лето во есен, што не чека наскоро. Исто така, сите миди варијанти на овие здолништа во комбинација со лесни џемпери се совршени за атрактивен деловен изглед. Со женствен и сензуален изглед, кој е тешко да не се забележи, ако е дополнет со високи потпетици, ќе мамите воздишки на секој чекор. Варијантите со високи половини се апсолутен хит оваа сезона, затоа не пропуштајте ја можноста да блеснете во едно од овие здолништа.

LeatherLeatherLeatherLeatherLeatherLeatherLeatherLeatherLeather