Големо враќање на транспарентните чанти од 90-тите

Понеделник, 03 Август 2020 21:00

Експериментирањето со модата може да биде многу забавно. Безбојната чанта не е едноставен аксесоар и не секој се чувствува пријатно и самоуверено прикажувајќи ги секојдневните работи кои ги носи во својата чанта. Сепак, тие ве прават да изгледате модерно и креативно. Колку повеќе го разгледувате овој вид на чанти, толку повеќе ви стануваат привлечни.

Овие чанти можете едноставно да ги комбинирате, ја истакнуваат вашата креативност и уникатен стилски избор. Прикажувањето на содржината и сите останати детали кои ги поседувате во вашата чанта, може да создаде слика за вас како личност, а на почеток тоа може да звучи застрашувачки. 

Чантите можете да ги пронајдете во различни модели и големини. Може да бидат со дополнителна внатрешна чaнта, но може да бидат и комплетно провидни. Кога чантата е комплетно безбојна, бидете внимателни на работите кои ги прикажувате особено со паричникот, мобилниот телефон и останати вредни предмети.

Доколку не сте сигурни што да спакувате во нив, како да ги комбинирате и како дел од работите во чантата сепак да ги прикриете и останат ваша приватност, погледнете ги следните фотографии за свежи идеи.